Connect with us

Арсенал по 101 година повтори негативен рекорд во Премиер – лигата

Арсенал и оваа сезона остана без трофеј, откако не успеа да ја издржи трката за шампионската титула со Ливерпул кој го освои пехарот. Менаџерот Микел Артета сигурно студиозно ќе ги анализира настапите на својот тим, но јасно е дека нападот потфрли.

Ниту еден играч на Арсенал не успеа да постигне најмалку 10 голови во последната сезона од Премиер – лигата, која заврши вчера. Ова не се случило во историјата на „топчиите“ цели 101 година.

Најдобриот стрелец на Арсенал во Премиер – лигата оваа сезона беше Каи Хаверц, кој ја заврши со девет голови на 23 натпревари. Германецот пропушти 15 натпревари поради повреда. Леандро Тросар (38 натпревари) и Габриел Мартинели (33) постигнаа по осум гола, а Микел Мерино (28) – седум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови