Габриел Хесус ќе стане најплатениот играч на Арсенал доколку лондончани успеат да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити за трансферот на Бразилецот. „Топчиите“ на напаѓачот му понудиле плата од 13,7 милиони фунти годишно, што е еднакво на 264.000 фунти неделно.
Доколку Арсенал се пласира во Лигата на шампионите, неговата плата ќе скокне на 280.000 фунти неделно. Во моментов највисока плата на „Емирати“ има Томас Парти кој инкасира 200.000 фунти секоја седмица.
Ова значи дека Хесус ќе добива речиси трипати поголема плата од онаа за која моментално игра во Манчестер Сити – 90.000 фунти.
Арсенал за Бразилецот ќе му плати на англискиот шампион околу 50 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













