Connect with us

Арсенал и Реал блиску до договор за Одегард

Мартин Одегард е на чекор до враќање во Арсенал. Норвежанецот многу лесно би можел да потпише договор со Арсенал во наредните неколку часа. Одегард е свесен дека повторно нема да има минутажа во Реал и сака да го напушти клубот, а на Реал Мадрид очајно му требаат пари.


Арсенал го сакаше Џејмс Медисон на таа позиција, но тој е премногу скап, а Одегард е идеална алтернатива. Тој ја помина последната полусезона на „Емирати“ како позајмен играч од Реал и може веднаш да се вклопи во системот на Микел Артета.


Норвежанецот не е регистриран за почетокот на сезоната во Ла лига, што е уште еден знак дека се наоѓа на излезната врата на Реал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови