Возбудлив дуел нѐ очекува вечерва во Лондон, каде што Арсенал и Пари Сен Жермен ќе се соочат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Средбата на „Емирати“ започнува во 21 часот, а ќе ја суди словенечкиот арбитар Славко Винчиќ.
Овие два тима веќе се сретнаа во натпреварувањето во октомври во групната фаза, кога Арсенал победи со 2-0 на домашен терен. Сепак, вечерва ситуацијата е поинаква – притисокот е поголем, бидејќи се игра елиминациски двомеч.
И двата тима се во поинаква форма и расположение, па се очекува многу потензичен и неизвесен натпревар.
Интересно е што ова ќе биде нивна четврта меѓусебна средба, а ПСЖ досега нема победа – две ремија и еден пораз. Победа на гостите вечерва би им донела големо психолошко и резултатско значење пред реваншот.
Натпреварот носи и дополнителен шарм, бидејќи ќе се сретнат двајца шпански тренери – Микел Артета и Луис Енрике, познати по својата офанзивна филозофија. Пријателството меѓу нив ќе биде ставено во втор план во обидот да се надмудрат на теренот.
Арсенал влегува во дуелот по две ремија во Премиер – лигата, против Кристал Палас и Брентфорд, но и три победи, вклучувајќи ги двете против Реал Мадрид во четвртфиналето.
„Топчиите“ ќе бидат без неколку важни играчи: повредени се Хаверц, Габриел, Калафиори, Жезус и Томијаcу, Парти е суспендиран, а настапот на Жоргињо е неизвесен. Сака, Одегард и Рајс се очекува и овојпат да имаат клучна улога.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













