Connect with us

Арсенал го купува Деклан Рајс за 100 милиони евра?

Арсенал ќе се обиде да го ангажира Деклан Рајс од Вест Хем, пренесува британското издание „Football365“. Предлогот доаѓа од раководството на клубот, а го поддржа тим менаџерот Микел Артета.


Пред Нова година информациите велеа дека Челси е фаворит за потписот на 23-годишниот Англичанец, но сега ситуацијата е поинаква.


Се чини дека Рајс многу брзо ќе го напушти Вест Хем бидејќи директно ги истакна своите аспирации да се натпреварува на највисоко ниво во европските клупски натпреварувања. До неодамна неговиот сегашен клуб беше во битка за европските квоти, но оваа сезона „чеканите“ се длабоко во втората половина од табелата и се борат за опстанок во Премиер – лигата.


Сепак, лондончани имаат цврст договор со играчот од средниот ред до 2024 година и не би се откажале од него за помалку од 100 милиони евра.


Тоа е сума која Арсенал е подготвен да ја плати за англискиот репрезентативец. Можеби е поверојатно Рајс да остане во Вест Хем до крајот на сезоната и потоа да се пресели во друг клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови