Connect with us

Аријан Адеми се враќа во Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е на чекор до враќање во Динамо Загреб. Тој би дошол на „Максимир“ како позајмен играч од Пекинг Гуан, каде замина пред крајот на минатата сезона и потпиша тригодишен договор.

Но, на барање на новиот тренер Сергеј Јаќировиќ, Адеми треба да се врати како големо засилување за Динамо Загреб за групната фаза од Конференциската лига.

„Се надеваме дека ќе завршиме со Адеми“, велат од Динамо Загреб.

Адеми треба да се појави и на подготовките на националниот тим на Македонија во пресрет на натпреварите со Италија и со Малта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови