
Светскиот шампион Аргентина се зацврсти на врвот во квалификациите за Светското првенство 2026 во зоната КОНМЕБОЛ. Тимот на Лионел Скалони победи со 0-1 на гостувањето кај Уругвај и има предност од 6 бода пред второпласираниот Еквадор, и е многу блиску до пласман на мундијалот.
Убавиот гол на Тијаго Алмада ја донесе победата за „албиселесте“. Играчот за врска на Лион погоди во 68. минута по комбинација со Хулијан Алварез. На овој начин, Аргентина му се реваншираше на Уругвај за поразот од 0-2 во Буенос Аирес на почетокот од квалификациите.
Аргентина беше без Лионел Меси и Лаутаро Мартинез, а во нивно отсуство селекторот Лионел Скалони ги постави во нападот Хулијан Алварез, поддржан од Џовани Симеоне, Енцо Фернандез и Тијаго Алмада. За домаќините, нападот го предводеа Дарвин Нуњез, Факундо Пелистри и Максимилијано Араухо.
Натпреварот на „Сентенарио“ во Монтевидео започна многу внимателно од двете страни. Домаќините имаа поголем посед на топката, но за целото прво полувреме упатија само еден удар кон голот на Емилијано Мартинез. Аргентинската одбрана целосно го неутрализираше Нуњез, а Џорџан Де Араскаета се повреди и беше заменет со Николас Де Ла Круз.
Во 49. минута Серхио Рочет одбрани силен удар на Алмада. Иако ретки, нападите на гостите беа поопасни. Во 68. минута Алварез го пронајде Алмада на работ на шеснаесетникот, а неговиот брилијантен удар во далечниот агол не му остави шанси на уругвајскиот голман.
До крајот на мечот, „гаучосите“ се бранеа беспрекорно, а измените на Марсело Биелса не му помогнаа на Уругвај да создаде опасни шанси. Во последните секунди Николас Гонзалес доби црвен картон, па Аргентина заврши со играч помалку. Овој пораз спречи Уругвај да се искачи погоре од четвртото место, бидејќи има ист број бодови (20) како и Парагвај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
