
Монако подготвува големо засилување за настапите во Лигата на шампионите, откако Ансу Фати е блиску до трансфер од Барселона.
Според познатиот италијански новинар, Монако би го ангажирал Фати на позајмица со опција за откуп или процент од идна продажба. Преговорите се веќе во тек, а самиот фудбалер има желба да се пресели во нов клуб.
Ансу Фати е производ на академијата на Барселона, а една сезона беше на позајмица во Брајтон. Иако во 2020 година, на само 17 години, вредеше околу 80 милиони евра, серија повреди го спречија целосно да го развие својот потенцијал.
Во првиот тим на Барселона има 123 настапи, постигнал 29 голови и осум асистенции. Овој трансфер би можел да биде нов почеток за него и истовремено големо засилување за амбициозниот Монако, кој зад себе има силна сезона во Лига 1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
