Connect with us

Анхел ди Марија се врати во матичниот клуб Розарио

Аргентинската легенда Анхел Ди Марија се врати во својот матичен клуб Росарио Сентрал. 37-годишниот офанзивен играч за врска пристигна како слободен агент, откако му истече договорот со Бенфика.

Ди Марија ја започна својата кариера токму во овој клуб во 2006 година.

Во летото 2007 година тој беше продаден на Бенфика, а потоа следуваа настапи за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Во последните две сезони Ди Марија повторно беше дел од лисабонските „орли“.

Анхел Ди Марија има одиграно 145 натпревари за репрезентацијата на Аргентина, при што постигна 31 гол. Тој беше дел од тимот што ја освои светската титула во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови