Италијанскиот калчолигаш Јувентус доби дозвола од УЕФА за учество во Лигата на шампионите за сезоната 2021/2022. Претседателот Андреа Ањели го објави тоа во јавноста.
„Добивме писмо во кое се вели дека ќе бидеме учесници во Лигата на шампионите следната сезона. Со ова сакам уште еднаш да ја потврдам нашата желба да се вклучиме во дијалог за подобрување на европскиот фудбал. Ние сме сигурни дека постапуваме според сите правни норми и нема да се исплашиме“, изјави Ањели.
Јувентус е еден од трите клуба, заедно со Реал Мадрид и со Барселона, кој не се откажа од идејата за формирање на Европска Суперлига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski