Голем пресврт во трансферот што изгледаше дека е пред реализација. Доцна синоќа, шпанската „Марка“ и бразилскиот „Глобо“ објавија дека пропаднал веќе договорениот трансфер на Карло Анчелоти од Реал Мадрид на селекторската функција на Бразил.
„Анчелоти вчера отпатува за Лондон за таму да потпише договор со Фудбалската конфедерација на Бразил. Тоа не го направи, но агентите задолжени за реализација на зделката очекуваа дека Анчелоти ќе го направи тоа денес во Мадрид. Сепак, од тоа нема да има ништо бидејќи им кажал дека сепак нема да ја прифати понудата. Освен тоа, лично го повикал Едналдо Родригес, претседателот на федерацијата, и му се заблагодарил за понудата“, пишува „Марка“ и додава:
„Анчелоти сега размислува за раскошна понуда од Саудиска Арабија вредна 50 милиони евра по сезона“, додава „Марка“.
Во текот на ноќта, шпанските медиуми објавија дека токму толку му нуди Ал-Хилал, клуб кој моментно нема тренер.
„Факт е дека Бразил и Анчелоти се имаа договорено за сè, но Италијанецот потоа се повлече од договорот. Тоа се случи откако Бразилците беа непријатно изненадени кога им кажа дека не може да ја преземе репрезентацијата во јуни, како што тие посакуваа, туку во август, затоа што тие очекуваа дека Анчелоти веќе добил дозвола од Реал да замине пред клупското Светско првенство кое почнува средината на јуни.
Она што дефинитивно ја уништи зделката беше неодоливата понуда која Анчелоти ја доби од Саудиска Арабија. Ова е веќе вторпат за помалку од една година како Анчелоти се повлекува по целосен договор со Бразил, бидејќи истото го направи и минатото лето“, истакнува „Глобо“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













