Connect with us

Анчелоти го сака Лаутаро Мартинез на „Бернабеу“

Реал Мадрид е во потрага по квалитетен напаѓач откако Карим Бензема го напушти „кралскиот клуб“ и потпиша за Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Хари Кејн полека паѓа во втор план кај раководството на „кралевите“ поради преголемата отштета што ја бара Тотенхем, а прв пик на Карло Анчелоти е Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер.

Аргентинецот има уште две години од договорот со „нероаѕурите“, но заинтересиран е да се пресели во Реал Мадрид. Италијанските медиуми посочуваат дека Интер би се сложил на продажба доколку добие понуда од околу 80 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови