Македонскиот репрезентативец вечно ќе го памети мечот против Њукасл кога го постигна првиот гол во Премиер – лигата. Лидс Јунајтед славеше убедливо со 5-2, па Џани и соиграчите имаат зошто да бидат среќни. Тој вели дека Лидс никогаш не се предава, и кога губи игра добро, но победите сепак најслатки.
„И кога не победувавме игравме добро. Лидс секогаш оди во напад, на гол повеќе. Можеби мојот гол ја даде и најдобрата слика за нашиот тим, бевме дури петмина во противничкиот шеснаесетник и тогаш веќе не е важно кој ќе погоди. Вечерва се беше прекрасно, дадовме пет гола и верувам дека ќе продолжиме во ист ритам. Ние секогаш даваме се од себе на тренинзите и на натпреварите. Лидс Јунајтед и Премиер – лигата за мене се огромна инспирација“, изјави Алиоски.
Во следното коло Лидс Јунајтед му гостува на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski