Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Дуисбург ќе игра против четирикратниот светски првак Германија во третиот меч од квалификациите за СП 2022 во Катар. Членот на Лидс Јунајтед, Езгјан Алиоски, даде ексклузивна изјава за германски „РТЛ“, и порача дека Македонија сака добар резултат од ова гостување.
„Не очекува важен натпревар против многу силна репрезентација. Знаеме добро која е Германија и колку се тие силни, во составот имаат играчи кои играат во големи клубови и секако, да се игра против нив ќе биде вистинско искушение. Ние сме тука да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме најдобро што можеме и со еден максимален пристап да се надеваме на позитивен резултат”, изјави Езгјан Алиоски во изјавата за „РТЛ“.
Германските новинари побараа да потенцира што е добар резултат за Македонија од дуелот со Германците.
„Што мислите? Секако, пораз не може да се смета како добар резултат. Така што, јасно е што сакаме против Германија. Повторувам, тие се големи фаворити, а ние треба да дадеме се од себе за да им ја отежниме што е можно повеќе работата на Германците”, истакна Алиоски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski