Градското дерби меѓу Вардар и Работнички е на програмата утре, во 22.коло од Првата фудбалска лига. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Вардарци ќе се обидат да се вратат во позитивен ритам по поразот од Шкендија (3-0) во Тетово, додека „романтичарите“ посакуваат да продолжат во ист стил како и на претходниот дуел со Брегалница кој го добија со 2-0.
„Утре нѐ очекува уште еден тежок првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. По триумфот над Брегалница, би сакале да продолжиме во ист стил и на следниот меч. Го респектираме максимално Вардар, противникот е значително засилен во однос на првиот дел од сезоната, но ние сме подготвени за надигрување. Се надеваме дека ќе успееме да стигнеме до нов успех“, изјави Игор Алексовски, кој во минатото беше член и на Вардар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski