Еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер – лига и најдобар стрелец во историјата на српската репрезентација Александар Митровиќ (28) е сѐ поблиску до заминување од Фулам. За него е заинтересиран купувач со неограничен буџет, саудискиот прволигаш Ал-Хилал, кој летово веќе купи три ѕвезди.
Тоа се Рубен Невеш од Вулверхемптон, Калиду Колибали од Челси и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио. На вториот, кој беше платен 40 милиони евра, сега би можел да му се придружи колега од репрезентацијата. Сепак, Фулам сака да добие што повеќе пари за Митровиќ.
„Скај Спортс“ пишува дека клубот од Лондон одбил 30 милиони евра за напаѓачот кој минатата сезона постигна 14 гола во Премиер – лигата и му помогна на тимот да дојде до одличното десетто место, а речиси сигурно ќе постигнеше уште повеќе доколку не беше суспендиран на осум поради туркање на судијата.
Митровиќ е пет години во Фулам и на „Крејвен Котиџ“ има статус на легенда. Претходната сезона тој постигна 43 гола и со тоа постави рекорд во Чемпионшип. Вкупно, за Фулам во пет сезони постигна 111 гола, а за Србија има 52 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













