Connect with us

Алегри: Моја задача е да го одведам Јувентус во ЛШ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Тој рече дека целта е Јуве да се пласира во Лигата на шампионите, а потоа управата ќе одлучи дали тој ќе продолжи да ги води „бјанконерите“.


„Целта е место во ЛШ, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро“, рече тренерот.

„Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија (Јуве е на чекор до финалето). Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во ЛШ е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да бидеме изоставени од ова натпреварување“, потенцира Алегри.

Јувентус денеска го игра градското дерби против Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови