Connect with us

Аларм во Париз: Над 2.000 полицајци во престолнината за време на дуелот Франција – Мароко

Францускиот весник „Ле Паризиен“ откри дека 2.000 полицајци ќе бидат распоредени на улиците на француската престолнина Париз во среда навечер за време на полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во обид да се избегнат инциденти како оној во Брисел по победата на Мароко над Белгија.


Во саботата, за време на четвртфиналните победи на Франција и на Мароко, беа распоредени 1.200 полицајци, а навивачите на двете репрезентации славеа на улиците на главниот град, особено во близина на Шанзелизе, каде имаше голем број марокански имигранти.


Во саботата на улиците немаше инциденти, а полицијата потврди дека привела само 91 навивач.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови