
Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, би можел да се пресели во еден од клубовите во Саудиска Арабија, пренесуваат англиските медиуми. По освојувањето на Лига Европа со лондонскиот тим, играчот би можел да стави крај на својата англиска кариера.
Бидејќи Кристијано Роналдо е можно да го напушти Ал-Наср, саудиската лига бара нова ѕвезда што ќе ја зголеми препознатливоста на натпреварувањето – а токму Сон може да биде таа фигура.
Мохамед Салах од Ливерпул претходно беше споменуван во овој контекст, но тој го продолжи договорот со клубот, па оваа тема е затворена.
Хјонг – Мин Сон игра за Тотенхем од 2015 година. Минатата сезона одигра 46 натпревари, постигна 11 голови и запиша 12 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
