Португалскиот стратег Жорге Жесус официјално e отпуштен од Ал-Хилал по елиминацијата од Ал-Ахли во азиската Лига на шампиони. И покрај тоа што освои титула во саудиското првенство, два Супер-купа и еден Куп на кралот, неуспехот во ЛШ на Азија се покажа како клучен за неговото заминување.
Според медиумите, Жесус ќе добие значителна отштета поради предвремениот раскин на договорот.
Со пет кола до крајот на шампионатот, Ал-Хилал заостанува шест бодови зад водечкиот Ал-Итихад, што дополнително ја влошува сликата за клубот кој инвестираше огромни суми во засилувања како Митровиќ, Махрез, Тони и Фирмино.
Интересно, Жесус сега е сериозен кандидат за нов селектор на Бразил, особено откако преговорите со Карло Анчелоти влегоа во ќорсокак. Сепак, Анчелоти останува прв избор за „кариоките“, иако тој истовремено добил астрономска понуда од Саудиска Арабија – 50 милиони евра по сезона, со можност да достигне и до 60 милиони со бонуси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













