Connect with us

Ајакс им забрани на навивачите да им бараат дресови на фудбалерите

Ајакс одлучи да им забрани на навивачите да носат пароли на стадионот во кои бараат дресови од фудбалерите за време и по натпреварот. Клубот од Амстердам тврди дека на овој начин решиле да ги заштитат играчите кои често се критикувани дека не му го дале дресот како подарок на некој од навивачите.


„Веќе не е можно играчите да ги исполнат сите барања. Секогаш кога поминуваат покрај навивачите без да им дадат дрес, често се критикувани и етикетирани како арогантни“, објави холандскиот клуб.

Ваквите пораки станаа многу чести на трибините. Претежно ги држат млади навивачи, па фудбалерите често се наоѓаат во незавидна положба кога на трибините ќе се најдат пораки со барање за дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови