Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Дуисбург го игра третиот натпревар од квалификациите за СП 2022 во Катар. Ривал е поранешниот светски првак Германија, една од најсилните селекции на Стариот континент и во светот. Вистински предизвик за селекцијата на Игор Ангеловски која успеа да избори пласман на Европското првенство, да види дали може да се носи и со најдобрите репрезентации.
Сочувавме и ние дел од силите за Германија, најави селекторот.
Дефанзивецот Дарко Велковски конечно е фит, го одработи комплетниот тренинг на арената во Дуисбург и се очекува да биде во составот за вечерашната пресметка со Германците. Заедно со него во стоперското трио пред Столе Димитриевски ќе бидат Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи.
Со Аријан Адеми националниот тим е многу посилен во средниот ред, а ова е голем меч. Се очекува вечерва да добие полна минутажа против Германците иако има мали проблеми со коленото. Заедно со него во линијата за врска ќе бидат и големиот борец Бобан Николов и Енис Барди. На страничните позиции стандардно се Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски.
Во нападот, Елиф Елмас и капитенот Горан Пандев, со обврска да се приклучуваат и во средниот ред, да дојдат и а извлечат топка напред, затоа што јасно е дека Германија ќе игра висок пресинг и ќе притиска силно кон голот на Столе Димитриевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski