Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и Динамо Загреб се пласираа во следната рунда од квалификациите во ЛШ откако на пенали го елиминираа романскиот тим Клуж со 7-6. Во регуларниот тек мечот заврши 2-2. Хрватскиот првак беше на прагот на победа, но Клуж успеа да израмни во 90.минута со голот на Габриел Дебељух. Динамо Загреб од 51.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Кевин Теофил-Катерин.
Крсте Велкоски и Сараево се елиминирани од Динамо Брест. Босанскиот тим загуби на гости со 2-1, а Крсте Велкоски остана на клупата за резервни фудбалери. Сепак, Сараево се жали на катастрофалното судење што тимот го имаше на ова гостување во Брест.
Од квалификациите на ЛШ се елиминирани Селтик, Легија Варшава, Лудогорец…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski