Connect with us

Шимунџа: Ништо не е решено, мора да ја искористиме секоја шанса против Шкендија

Македонскиот првак Шкендија вечерва (20 часот) во Мурска Собота го игра реванш натпреварот против Мура во првото квалифкациско коло од Лигата на шампионите. Словенечкиот тим има предност (0-1) од првиот дуел во Скопје, но тренерот Анте Шимунџа предупредува дека ништо не е решено на овој двомеч.


„Ништо не е решено. Имаме минимална предност од првиот натпревар, но тоа веднаш може да се смени. Мора да играме на победа и да ја искористиме секоја шанса против Шкендија. Ќе ја имаме сега поддршката на гледачите, но на реваншот мора да бидеме и подобри отколку на првиот меч“, изјави тренерот на Мура, Анте Шимунџа.

Мечот меѓу Мура и Шкендија се игра вечерва (20 часот), а ќе го суди Романецот Марсел Биршан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови