
УЕФА објави дека селекциите кои се пласираа на ЕВРО 2024 ќе можат да повикаат 26 играчи за првенството. Европската фудбалска централа денеска го потврди зголемувањето за уште тројца од претходното правило од 23 играчи.
Учесниците на претстојното Европско првенство треба да ги објават составите до 7 јуни.
Тимовите добија дозвола да повикаат по 26 играчи на ЕП 2020, но тогаш причината беше пандемијата. УЕФА првично планираше да се врати со тимови од 23 играчи. За Светското првенство во Катар беа повикани и проширени состави. Тогаш тоа беше оправдано со фактот дека првенството се одржа на средината на сезоната.
Веста ќе биде добро прифатена од повеќето национални селектори кои ја изразија својата поддршка за промената.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
