Connect with us

Марко Ројс официјално ја напушта Борусија Дортмунд на крајот на сезоната

Борусија Дортмунд потврди дека Марко Ројс ќе го напушти клубот ова лето. Последните 12 години фудбалерот ги мина меѓу „жолто-црните“ откако во 2012 година се пресели од Борусија Менхенгладбах.


Ројс одигра речиси 300 натпревари во Бундес-лигата за Дортмунд, постигнувајќи 118 гола и освојувајќи четири големи трофеи.


Марко Ројс и клубот се договорија да не го продолжат неговиот договор на крајот од сезоната, што значи дека 34-годишниот фудбалер ќе замине како слободен играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови