
Продолжуваат шпекулациите за тренерската позиција во Баерн Минхен. По вчерашното официјално одбивање од Ралф Рангник, веќе се појави ново име за наследник на Томас Тухел, а тоа е тренерот на Бенфика, Роџер Шмит.
Според информациите на „Билд“ од добро упатени извори, токму 57-годишниот германски тренер е новиот фаворит за позицијата во баварскиот клуб. Шмит има договор со Бенфика до 2026 година и сериозна отштетна клаузула од 30 милиони евра.
Сепак, раководството на португалскиот клуб не е комплетно задоволно од него оваа сезона и можно е да го пушти за многу поскромна сума.
Бенфика заостанува пет бода од лидерот Спортинг Лисабон на три кола до крајот, загуби во полуфиналето на Купот на Португалија повторно од градскиот ривал, а во Лигата на Европа загуби на пенали во четвртфиналето од Олимпик Марсеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
