Connect with us

Андов дебитираше со триумф, фудбалерките успешни на гостувањето во Рига

Женската фудбалска репрезентација на Македонија успешно ги стартуваше европските квалификации во Лигата Ц. На гостувањето во Рига, македонските фудбалерки ја победија Летонија со 3-4. Тоа беше и триумфално деби за новиот селектор, Александар Андов.

Миксоне во седмата минута ја доведе Летонија во водство, но до крајот на првиот дел Македонија постигна три гола. Гентјана Рочи израмни на 1-1 во 17.минута, а осум минути подоцна Рокане си постигна автогол по акцијата на Наташа Андонова.

Нашата најдобра фудбалерка Андонова беше стрелец на третиот гол во 32.минута.

Полуховица намали на 2-3 во 63.минута, но Ана Милчевска во 69.минута повторно донесе два гола предност за Македонија.

Конечниот резултат го постави Карлина Миксоне со својот втор гол во 76.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови