Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, од првиот свиреж на судијата до последен беа апсолутно доминантни над противникот, во секој аспект од играта и сосема заслужено на крајот се радуваа на убедлива победа од 5-0.
Грозданова во 9. минута го отвори резултатот на натпреварот. Истиот играч во 17. минута се најде повторно на вистинското место за нов гол и предност на Македонија од 2-0. Трендова во 24. минута постигнува нов погодок за предност од 3-0. До крајот на првото полувреме, во листата на стрелци, во 38. минута се запиша и Попески.
Во продолжението од средбата Грозданова го постигнува својот трет гол со кој ја заголеми предноста на Македонија на 5-0. Тоа беше и конечниот исход на денешниот натпревар.
Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, нашата млада репрезентација силите ќе ги одмери со селекцијата на Ерменија.
Македонија – Грузија 5-0 (4-0)
Македонија: Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величкова, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова;
Селектор: Катерина Милеска;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal