
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на оваа недела ги започнува европските квалификации во рамките на првата рунда од Б лигата.
Македонската женска селекција во периодот од 3 до 10 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во групата Б1 и за противници ќе ги има репрезентациите на Грузија, Ерменија и Косово.
Квалификацискиот турнир за пласман во Лигата А ќе се одржи во Косово.
На самиот старт на квалификацискиот турнир отвораме со Грузија. Натпреварот ќе се одигра на 3. октомври.
Во рамките на второто коло играме против Ерменија. Мечот на програмата е на 6. октомври.
Три дена подоцна, во последното коло, силите ќе ги одмери против домаќинот, селекцијата на Косово.
Селекторот на младата женска репрезентација, Катерина Милеска за претстојниот квалификациски турнир во Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Миа Петровска (Џи-Џи);
Одбрана: Андреа Коловска (Љуботен), Емилиа Блажевска (Скофтенби, Шведска), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје);
Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Јована Каралиоска (Цевитана), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен);
Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија);
Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска овие дена интензивно тренира и се подготвува во Скопје за претстојниот предизвик.
На тренинзите на нашата млада репрезентација присуствува и селекорот на женската репрезентација на Америка, Влатко Андоновски кој е ментор на нашиот селектор, Катерина Милеска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
