
Манчестер Сити е елиминиран од Њукасл уште на стартот од патувањето во Лига купот на Англија. Тимот на Пеп Гвардиола загуби со 1-0, а решавачкиот гол го постигна Александар Исак во 53. минута.
Од Сити сите очекуваат да ги освојува сите можни титули и оваа сезона и да ја повтори минатата, кога стигна до тројната круна.
„Мислите дека целта беше четири титули? Искрено, тоа не беше нашата цел. Ќе бидеме повеќе од задоволни со тројна круна. Нашите очекувања се големи, но не толку високи за да не се задоволиме со три титули“, изјави Гвардиола по поразот од Њукасл.
Менаџерот на Манчестер Сити остави дел од најдобрите фудбалери на клупата давајжи им одмор пред мечевите кои претстојат од Премиер-лигата и од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
