
Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, е обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија за инцидент во тунелот на „Стемфорд Бриџ“ по поразот од Астон Вила во последното коло.
Десниот бек, кој заработи повреда на дербито со Ливерпул во првото коло од новата сезона во Премиер – лигата и оттогаш не играше, е обвинет за навредливи зборови кон официјалните лица.
Џејмс има рок до петок, 29 септември, да го даде своето објаснување за случајот.
На почетокот на сезоната Рис Џејмс беше именуван за капитен на Челси. Според информациите, играчот веќе почнал со тренинзите, но сѐ уште не е јасно кога ќе се врати на терените.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
