Од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, УЕФА строго ги казнува руските фудбалери. Сениорската репрезентација и сите клубови беа исфрлени од натпреварувањето, а Санкт Петербург и Казан беа лишени од домаќинство на финалето на Лигата на шампионите, односно Суперкупот на Европа.
Покрај тоа, УЕФА ги раскина сите спонзорски договори со „Газпром“, руската државна енергетска компанија. Сепак, чадорот на европската фудбалска организација сега реши да повлече некои одлуки. На руската репрезентација за играчи до 17 години повторно и е дозволено да учествува во натпревари под надлежност на УЕФА.
Следното Светско првенство за кадети ќе се одржи следната година на Кипар, а за девојки истата година во Шведска. Русинките и Русите ќе можат да играат на него, но нема да им биде дозволено да го истакнуваат своето знаме, да ја пеат националната химна или да ги носат симболите на земјата и матичната федерација.
„Децата не се одговорни за постапките на возрасните. Фудбалот никогаш не треба да се откажува од испраќањето пораки за љубов, мир и толеранција“, велат од УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













