Поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички, Виктор Велкоски е уште едно засилување за одбраната на Брегалница.
27-годишниот Велкоски доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Лачи каде настапуваше изминативе две сезони.
Велкоски, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно во својата кариера има настапи и за Работнички, Пелистер, Скопје и прилепска Победа во домашните шампионите, како и за грчкиот Егиниакос.
Искусниот Велкоски, кој игра на централната дефанзивна позиција, и тоа како треба да биде засилување за одбраната на тимот низ продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













