
Бразилецот Оскар го шокираше фудбалскиот свет кога го напушти Челзи во 2017 година. За нов клуб го избра кинескиот Шангај СИПГ бидејќи му понуди огромен договор од 20 милиони евра нето по сезона.
Тогаш призна дека се откажал од репрезентацијата и големата кариера во најава за да се обезбеди за староста.
„Кина има финансиска моќ и играчите не можат да одбијат таква понуда. Секој работник ќе прифати подобра финансиска понуда за доброто на своето семејство“, изјави тогаш Оскар.
„Доаѓам од сиромашно семејство кое никогаш немало ништо. Ова се плодовите на мојата напорна работа и поради овој договор се чувствувам како победник. Не ми е грижа за критиките. Размислував за моето семејство и иднината. Не сакам да бидам сиромашен на старост и да живеам од спомени“, искрен беше Оскар.
Сега би можел да се врати во Европа и да го облече дресот на Бешикташ. Но, сепак, турскиот клуб ќе треба да се договори и со Шангај СИПГ, со оглед дека Оскар има договор до ноември 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal