Connect with us

Рома е блиску до потписот на Ренато Санчез

Рома ќе го задоволи својот тренер Жозе Мурињо со доведување на неговиот сонародник Ренато Санчез, пренесуваат италијанските и француските медиуми.


Рома и Пари Сен Жермен се многу блиску до договор за трансферот на 25-годишниот играч од средниот ред. „Волчицата“ ќе плати 2 милиони евра за позајмица на играчот з претстојната сезона, а покрај тоа ќе вклучи и опција за негово купување во износ од 12 милиони евра.


Пред една година поранешниот играч од средниот ред на Бенфика, Баерн Минхен, Свонси и Лил можеше да игра во Серија А, но тогаш повеќе сакаше да се пресели во ПСЖ наместо во Милан.

Сепак, Санчез никогаш не успеа да се наметне во стартниот тим на парижаните, за кои минатата сезона забележа само 905 минути игра на 27 натпревари во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови