Connect with us

Хамес Родригез потпишува за Сао Паоло

Хамес Родригез ќе стане нов играч на Сао Паоло. Колумбискиот офанзивец постигнал договор со бразилскиот клуб каде пристигнува како слободен играч.


Тој во април го раскина договорот со Олимпијакос и оттогаш е без клуб. Претходно во кариерата играше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн, Евертон и други клубови.


Хамес Родригез беше најдобар стрелец на Светското првенство во 2014 година, каде постигна шест гола. Вкупно освои 21 клупски трофеј во кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови