
Иван Перишиќ е една од главните теми во хрватските медиуми, бидејќи денеска се појавија информации дека би можел да се врати во Хајдук Сплит. Oваа информација ја откри доверливиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, кој истакнува дека новиот менаџер на Тотенхем, Анге Постекоглу, не смета на Хрватот и дека му рекол на Даниел Леви дека може да го продаде.
Наводно, на списокот за отстрел на Постекоглу има многу големи имиња како Хуго Лорис, Девинсон Санчез, меѓу кои и Иван Перишиќ.
Тој пристигна минатото лето на барање на Антонио Конте, забележа 44 настапи со еден гол и 12 асистенции, но тоа очигледно не беше доволно за новиот менаџер.
Не е невозможно Тотенхем договорно да го раскине договорот со Перишиќ, а потоа Хајдук би можел уште полесно да го врати по 17 години.
Во 2006 година, како младинец, Иван Перишиќ замина во францускиот Сошо, подоцна играше за Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен, додека за хрватската репрезентација одигра 127 натпревари и постигна 33 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
