
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа првиот тренинг во пресрет на квалификациските натпревари против Словенија и против Полска, можеби и најважниот мини – циклус во битката за пласман на ЕП 2020. По триумфот над Летонија и ремито со Израел, се отворија шанси за Македониа да се надева дека со успешни игри во финишот на квалификацискиот циклус може да стигне и до второто место во групата.
Пандев, Елмас, Адеми и останатите се подготвени за предизвикот, а голманите Столе Димитриевски и Дени Илиев најавија дека победата е наша цел.
„Веруваме во нашите квалитети. Посакуваме победа над Словенија, со три бода ќе направиме голем исчекор во битката за тоа второ место во групата. Нема да биде лесно, но играме на домашен терен, ќе ја имаме публиката на наша страна и веруваме дека можеме да оствариме триумф“, истакна Илиев.
Македонија в четврток во Скопје ќе игра против селекцијата на Словенија, а потоа патува во Варшава на мегдан со Полска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
