Интер го забележа четвртиот пораз во последните пет натпревари во италијанската Серија А откако загуби со минимални 0-1 од Фиорентина во својот дом. Тренерот Симоне Инзаги, прокоментира дека иако неговите играчи го загубија натпреварот, покажаа доволно добра игра за да освојат многу повеќе.
„Има многу разочарување бидејќи тоа е втор домашен пораз по ред. Фиорентина е квалитетна екипа, но нашите момци направија сѐ што можеа. Моравме да бидеме поодлучни бидејќи имавме толку многу шанси што можевме да ги искористиме. Не можам да барам повеќе во однос на трудот бидејќи играчите направија сѐ што барав од нив“, изјави Инзаги за „ДАЗН“.
Тренерот на Интер ги коментираше и неверојатните можности кои ги пропуштија фудбалерите на Интер. Најнепријатно за тимот беше промашувањето на Ромелу Лукаку, кој од пет метри не успеа да ја испрати топката во голот на Верона.
„Доколку Лукаку ги реализираше своите шанси, неговиот настап ќе беше оценет многу поинаку. Неговата улога е да создава можности, да ги прави потезите што му се потребни на тимот. Тој не беше единствениот кој имаше шанси, па затоа не би се фокусирал само на него. Ова дефинитивно не е резултат што го заслуживме“, истакна Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













