
Манчестер Сити го победи Ливерпул со 4-1 на „Итихад“. И покрај примениот гол на стартот, „граѓаните“ останаа концентрирани и направија пресврт.
Гвардиола е фасциниран од тоа што тимот го прикажа на теренот.
„Она што беше прикажано беше речиси совршено, од првата до 93. минута. На тој начин игравме против нашите најголеми ривали во претходните сезони и секогаш навистина се трудиме да најдеме начин за победа. Со квалитетот што го имаат, начинот на кој притискаат, транзицијата… .Сите, од Алисон до Џек Грилиш, беа исклучително добри во своите задачи“, изјави Пеп по мечот.
„Дури и кога примивме гол, игравме добро. Се разбира, тие секогаш се голема закана од контра, но ние игравме добро на сите полиња. Едно од најдобрите изданија во изминатите седум години“, објасни Шпанецот.
Во отсуство на моќниот Халанд остана импресиониран од младиот Хулијан Алварез, стрелец на еден од четирите гола.
„Ништо не се менува. Во фудбалот тактиката се играчите. Со Ерлинг имаш нешто посебно, а Хулијан е исто така нешто посебно. Тој постигна совршен гол, целата акција беше одлична. Визијата дека имам друга опција, дека тој игра одлично со Ријад, знае каде да се позиционира. Беше вклучен во првите три гола. Освен една-две акции на почетокот каде погрешно ја смести топката со Рубен, тој беше толку паметен и толку интелигентен со топката. Впрочем, ако не си добар не можеш да играш во репрезентацијата на светскиот првак. Јас сум многу среќен и благодарен многу на скаутингот што го откри за оваа цена“, објасни Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
