Фудбалската репрезентација на Македонија со бод се враќа од Тбилиси, одигра 1-1 против Грузија иако речиси половина час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Висар Муслиу. Селекторот Игор Ангеловски вели дека бодот е апсолутно заслужен и остварен по тежок терен за игра.
„Тежок натпревар, со многу тактички надмудрувања. Сакам да им честитам на фудбалерите кои одиграа тежок дуел, игравме половина час и со играч помалку, па заслужено на крај стигнавме до бод. Овие два натпревари, реков и претходно, ќе ни бидат важни да видиме до каде сме по една долга пауза. Мини циклусот го завршуваме со четири бода и јас сум задоволен иако знам дека овие не се нашите најдобри изданија. Знам дека најдоброто од момците ќе биде на 8.октомври против Косово“, изјави Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













