Енур Тотре, фудбалерот од средниот ред на Шкендија, добива дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски да се приклучи на националниот тим. Ова како „бек ап“ за повредата на Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, кој вчера беше прегледан од лекарскиот тим и има хематом на квадрицепсот. Тој останува со репрезентацијата и ќе патува за Грузија, но шансите да може да настапи и да го издржи товарот на финалниот меч за пласман на Европското првенство се минимални.
Се очекуваат и резултатите од тестот за Covid-19 за Кире Ристевски, кој пристигна од Унгарија, но десетина дена претходно беше во изолација поради коронавирус. Останатите фудбалери се максимално подготвени за историскиот меч против Грузијците в четврток во Тбилиси.
Нашата најдобра репрезентација денеска ќе тренира на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а утре со чартер лет патува за Тбилиси. Натпреварот за пласман на ЕУРО 2020 се игра в четврток во 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













