
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ ја одбил понудата на саудискиот клуб Ал-Наср. Неговиот одговор е дека сака да игра единствено за Реал Мадрид и на „Бернабеу“ да ја заврши кариерата.
Новиот клуб на Кристијано Роналдо сакаше да го ангажира неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, но Модриќ не се залета по понудата за годишна плата од 40 милиони евра.
Модриќ во тековната сезона во Ла Лига на 16 натпревари постигна три гола и забележа две асистенции.
Ал-Наср се обидува во Саудиска Арабија да донесе уште неколку ѕвезди на светскиот фудбал, меѓу нив и Серхио Рамос и Марсело.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
