
Последниот чекор. Капитенот го чека ова цели две децении. И може да го оствари за фантастичен крај на неговата супер-кариера. Македонија да оди на Европско првенство, тоа отсекогаш бил сонот на Пандев.
Играл многу финалиња, но ова утре е нешто посебно.
„Ова е повеќе од финале на „Камп Ноу“ или на „Сантијаго Бернабеу“. Македонија да оди на Европско првенство. Бесценето. Ќе играме најдобро што знаеме, и за оние кои не се со нас, Барди, Велкоски, Кире Ристевски. И за сите Македонци. Мора да признам дека и мене ме фаќа еуфорија и не спијам мирно ете откако го победивме Косово, но утре е денот за да се биде најдобар. И треба да останеме мирни, да бидеме мудри, постојано го зборувам ова со помладите, затоа што финалето се игра за да се победи. Со сите сили и атоми, како што знаеш и умееш. Верувам дека на крајот Македонија ќе се радува, ние ќе дадеме се од себе да биде така“, изјави Горан Пандев.
Македонската фудбалска репрезентација во терминот на одигрување на утрешниот меч (18 часот) ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот во Тбилиси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
