Connect with us

Играјте за да бидете – БЕСМРТНИ!

Пишува: Никола Ѓуровски

Најдобри сте. Тоа мора полека да ви го признаат и овде во Македонија каде многу тешко се признава дека другиот направил повеќе, има европски квалитет. Оваа генерација предводена од вонсерискиот и безвременски капитен Горан Пандев, дефинитивно направи најмногу досега во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал. Сигурно се гордеат и Дарко Панчев, Гоце Седлоски, Ѓорѓи Христов, Артим Шаќири, Игор Митревски…
И Игор Ангеловски е најуспешниот селектор, им било тоа драго на Ѓоко Хаџиевски, Чедомир Јаневски, Ѓоре Јовановски, Драги Канатларовски, Мирсад Јонуз, па и на Сречко Катанец…    

Сепак, ако не ја прескокнете последната пречка – ќе останете само најдобри во македонски рамки. Ќе признаете, тоа баш и не значи премногу. Посебно не во Европа, а најголем дел од Вас, почнјвајќи од Пандев, преку Елмас, Несторовски, Барди, Ристовски, Адеми, Трајковски, Димитриевски….и речиси сите останати, имаат европски мерила. 

Во Тбилиси е чекорот за да станете БЕСМРТНИ! Значи, Гоце Делчев, Јане Сандански…И после ќе се пее Горан Пандев, Адеми, Алиоски…можеби и во химната!

Пред пет години кога Игор Ангеловски дојде и рече дека ќе подмлади, а ќе го врати Горан Пандев како предводник на онаа „златна генерација“ на Боби Милевски, сите мислеа дека е само уште еден кој сака да седне во селекторското столче и убаво да заработува за македонски прилики. Но, неговата визија даде успех, целта беше да се создаде репрезентација со европски манири и квалитети. И мора да се признае дека успеа во тоа. 

Сега го очекуваме секој меч со реална надеж за победа, дури и против велесили како Италија, сега бараме убедливи победи против „помалите“ и на крајот – чекаме да оствариме сонот на сите Македонци – нашата репрезентација на Европско во фудбал!

Играјте за Вас, за вашите семејства, за цела Македонија! Играјте за да бидете БЕСМРТНИ!               

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови