Македонските фудбалски репрезентативци имаа видео разговор со претседателот Стево Пендаровски и му порачаа:
„Победуваме, да не чекате на плоштад“.
Претседателот на Република Македонија во името на целиот народ искажа огромна поддршка за националниот фудбалски тим.
„Тимот на македонската фудбалска репрезентација од мене, но и од сите граѓани, има целосна поддршка. Вечерва, од 18 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје“, истакна претседателот Стево Пендаровски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













