Connect with us

Тренерот на Ал-Наср: Роналдо? Прво го барав Меси…

Новиот тренер на Кристијано Роналдо во Ал-Наср, Руди Гарсија ризикуваше да се скара со португалската суперѕвезда откако се пошегува дека прво сакал да го ангажира Лионел Меси.
Францускиот стратег беше прашан од новинарите за доаѓањето на Роналдо во Саудиска Арабија во спектакуларна зделка вредна 200 милиони долари годишно.


Тој одговори: „Прво се обидов да го добијам Меси“, а потоа се насмеа.

Португалецот беше претставен во петокот држејќи го жолто-синиот дрес на Ал-Наср со неговиот потпис и бројот „7“ на грбот.

Францускиот тренер Руди Гарсија, кој претходно работеше во Рома, Марсеј и во Лион, во јуни го презеде Ал-Наср.

Тој инсистираше на тоа дека „големите играчи се најлесни за раководење“ пред пристигнувањето на Роналдо, иако играчот имаше одредени несогласувања со Ерик Тен Хаг во Јунајтед и со селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, за време на Светското првенство.

„Мислам дека секој тренер би бил среќен да тренира голема ѕвезда како Кристијано, а во ноември 2021 година бев многу блиску до заминување во Јунајтед. Отсекогаш мислев дека големите играчи се најлесни за раководење бидејќи се многу интелигентни, ова го проверив и со Франческо Тоти во Рома“, продолжи Французинот.

Навивачите на Ал-Наср, пак, ја изразија својата возбуда поради претстојното пристигнување на Роналдо со облекување на новиот дрес и скандирање на неговото име на трибините.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови