
Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, нема да може да учествува на претстојниот меч со Хофенхајм бидејќи болките во рамото се уште не се целосно смирени. Ова го изјави тренерот Џулијан Нагелсман пред саботниот натпревар.
Во исто време, уште еден од ветераните во составот, напаѓачот Томас Милер, ќе биде одморен откако неодамна се врати на теренот по лекувањето на коронавирусот.
„Изгледа дека Мануел ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите в среда против Барселона. Нашата цел е да го подготвиме за натпреварот против Мајнц следната недела. Но, дотогаш треба да почекаме“, рече Нагелсман.
Тренерот додаде дека моментната повреда нема да го спречи Нојер да учествува на Светското првенство во Катар во ноември и декември.
„Мислам дека Милер ќе биде подготвен за мечот со Барселона. Нусаир Мазрауи денеска продолжи со тренинзите, но тој е целосно подготвен за игра“, додаде Нагелсман, кој е поранешен тренер на Хофенхајм.
„Поминав девет одлични години во овој клуб и се радувам на натпреварот. Гостинските натпревари во Хофенхајм се секогаш тешки“, објасни стратегот.
Баерн Минхен е второпласиран во Бундес – лигата, со четири бода помалку од лидерот Унион Берлин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
