Големите ривали Реал Мадрид и Барселона ќе се соочат во еден од најочекуваните фудбалски натпревари во светот во 250. издание на Ел Класико на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Двата тима се претставија многу силно во Ла Лига од почетокот на сезоната, на делба се на првото место во поредокот со 22 бода по осум одиграни натпревари, но каталонците имаат предност со подобра гол – разлика.
По тешката минатата сезона, Чави Хернандез успеа да ја оживее Барса со помош на новите засилувања донесени во текот на летниот преоден рок, меѓу кои се издвојува името на непогрешливиот голгетер Роберт Левандовски. Сепак, Каталонците се мачат во Лигата на шампионите, освоија само еден бод од трите натпревари против Баерн Минхен и Интер, што ги остави многу блиску до елиминација во групната фаза од турнирот втора година по ред.
Денеска ќе имаат шанса да им се надоместат на своите навивачи за разочарувачкото реми 3-3 со „нероаѕурите“ на „Спотифај Камп Ноу“ во средата. Сепак, ќе имаат тешка задача против Реал, кој новата сезона ја започна во формата во која ја заврши претходната, кога ги освои шпанската титула и трофејот во Лигата на шампионите.
Тимот на Карло Анчелоти загуби само два бода во Примера од почетокот на сезоната и веќе обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Хендикеп за Реал ќе биде отсуството на повредениот голман Тибо Куртоа, а централниот дефанзивец Антонио Рудигер исто така е под прашалник по сериозниот судир со глава што го направи против Шахтјор Доњецк минатата недела. Барселона, исто така, има кадровски проблеми, особено во одбраната, со Андреас Кристенсен и Роналд Араухо надвор од тимот, но, весникот „Марка“, сепак тврди дека Жул Кунде ќе биде подготвен за игра.
Ова ќе биде 250. официјален натпревар меѓу Реал Мадрид и Барселона, а „кралевите“ имаат блага предност со 100 победи наспроти 97 на Барса и 52 нерешени средби. Во првенствени дуели, двата гиганти од Шпанија досега се сретнале 184 пати, а на овие натпревари се постигнати 295 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













